Лидерот на грчката партија Унија на центристите Василис Левентис, вчера се сретнал со рускиот амбасадор во Атина Андреј Маслов, со кого, меѓу другото, разговарале и за проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија.
– За време на плодната дискусија и размена на мислења, претседателот на Унијата на центристи побара од рускиот амбасадор до неговата Влада да го пренесе барањето Русија да го преразгледа своето признавање на Скопје под името ‘Македонија’, и да ја признае под името што се користи во ОН и Европската унија, се вели во соопштението на партијата.
Левентис исто така побарал Русија да продолжи и да ја зајакне својата поддршка за Грција и Кипар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.