Именувањето на Гус Хидинк за менаџер на Челси до крајот на оваа сезона, ќе го привлече и легендарниот напаѓач на сините, Дидие Дрогба по третпат да се врати во клубот.
Дрогба настапуваше девет години за „сините“ од Лондон во период од 2004 до 2012 година од каде замина најпрвин во Кина, а потоа една сезона настапуваше за турскиот гигант Галатасарај. Вториот пат поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска играше минатата сезона кога повторно ја освои титулата, но имаше епизодна улога.
Сега по третпат се враќа во тимот, но како асистент тренер на Хидинк во обид да се извлече Челси од резултатската криза која го зафати од почетокот на сезоната.
Навивачите со големо задоволство ја примија веста за можното враќање на Дрогба во екипата. Тој е еден од омилените ликови на “Стемфорд Бриџ” и сите се сигурни дека ќе даде се од себе да му помогне на тимот да се врати на шампионските патеки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.