| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Република Чешка“ отворена во Велес

Изложбата на фотографии насловена „Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Република Чешка“ беше отворена вчеравечер, 17 декември, во Ликовниот салон во Велес.

Изложбата ја отвори чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш во присуство на градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

Амбасадорот Рамеш истакна дека целта на изложбата е да се претстават културните знаменитости на Чешка, а нејзиното презентирање е резултат на одличната соработка меѓу двете земји и на градот Велес со Амбасадата на Република Чешка. Тој потсети дека Чешка изобилува со замоци и споменици, а 12 од нив се заштитени и од УНЕСКО.

Директорката на Народниот музеј од Велес, Елка Николова потсети дека ова е уште една изложба во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“.

– Приказните за замоците и дворците раскажани преку записите на фотографиите доближуваат еден период од средновековната историја на Чешка т.н. мрачен период во Европа, период на непријателства, војни и рушења, но и период на изградба на прекрасни објекти кои воодушевуваат со начинот на својата градба и монументалност и кои денес се заедничко културно наследство во светски рамки, потенцира Николова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top