„Стефан со неговиот талент иницира нов почеток со особена посебност во сликарскиот јазик, акварели автентично и маестрално, лефтерно изведени со акварелната сликарска четка, ни наговестува голем мајстор во доменот на акварелот,“ Милош Коџоман II, април 2013
Македонскиот сликар Стефан Димовски по многуте изложби во Франција, ќе ја почести македонската публика со својата прва самостојна изложба во Скопје.
Љубителите на уметноста, акварелот и на уникатните моќни дела ќе може да погледнат дел од неговото творештво од 16 април во Музејот на град Скопје.
– Визуелните импресии во кои е прикажано темпераментното и раскошно женско тело, како да сакаат да ни го потврдат феноменот на убавото женско тело, кој секогаш иницира нова сликарска авантура, како и вечна инспирација во уметничкото творештво – изјави македонски уметник Милош Коџоман II
Димовски е роден во Скопје, во уметничкото семејствона нашиот афирмиран вајар Ангел Димовски – Чауш, а автентичната животна приказна и долгогодишниот престој во Франција му овозможиле од рана возраст да воспостави контакт со акварелисти и да ја совлада оваа техника до совршенство.
Во 2010/11 година тој влезе во 11. издание на Италијанскиот интернационален каталог за модерна уметност, во конкуренција со 60 сликари, и е добитник на награда за акварел на 12. Саем на сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција.
Првата самостојна изложба на Стефан Димовски ќе биде отворена на 16 април во 20.00 часот во Музеј на град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.