| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел во Берлин ќе ги ислуша барањата на Камерон за реформирање на ЕУ

Камерон и Меркел на Светскиот економски форум во Давос

Камерон и Меркел на Светскиот економски форум во Давос

Заложбите на Велика Британија за реформирање на ЕУ се тема на дводневната срадба на германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон во Берлин. Камерон смета дека на ЕУ ѝ се потребни реформи за да им се овозможи на земјите-членки, посебно на оние што не се во еврозоната, меѓу кои е и Велика Британија, да не бидат обврзани да ги спроведуваат сите одлуки што ги донесува Брисел.

Иако најавена како главна тема, двајцата челници ќе разговараат и за самитот на а Г8 и за ситуацијата во Сирија. Пред да отпатува за Берлин, Камерон изјави дека најдоброто решение за Велика Британија би било членство на земјата во реформирана ЕУ.

Камерон ја предупреди ЕУ дека ќе бара преговори за нов договор околу британското членство, кој би требало да помине на референдум за останување или напуштање на Унијата. Според неговите најави, јавноста би можела да се изјасни во 2017 година доколку неговата Конзервативна партија победи на парламентарните избори во мај 2015 година. Сега Камерон се обидува да докаже дека е потребна една поинаква и пофлексибилна унија“, па неговата посета во Берлин се оценува како дел од европската турнеја за „шармирање“ на европските партери.

Германија и Франција се против намерите на Британците за нова спогодба со Брисел, но Меркел смета дека треба да се сослушаат британските предлози, како и дека за нив може да се разговара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top