| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно, по серијата лоши резултати, Жозе Мурињо доби отказ!

zoze murinjo

Менаџерот на Челси „Специјалниот“ Жозе Мурињо не ја преживеа последната средба со сопственикот Роман Абрамович.
По серијата лоши резултати кои успеваше да ги „преживее“ и да остане на клупата на Челси, благодарејќи на личната подршка од газдата, се чини дека чашата ја прели последниот пораз од Лестер во рамките од Премиерлигата.
По овој натпревар во „четири очи“ дури девет саати разговарале Мурињо и Абрамович, пренесуваат англиските медиуми.

По ова рускиот тајкун решил да му врачи отказ на Португалецот иако треба да му исплати неверојатни 40 милиони фунти како обештетување поради предвремен раскин на договорот.
Во следниот период се очекува Челси да добие нов менаџер кој сепак ќе биде само преодно решение за клубот до крајот на сезоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top