Баерн против Барселона е дербито на полуфиналните пресметки во Лигата на шампионите, а секако интересно ќе биде и на вториот двомеч меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид. Германските екипи ќе бидат домаќини на првите мечеви на 23. и 24. април. На првиот полуфинален ден на 23. април Баерн ќе и биде домаќин на Барса во Минхен, а следниот ден на „Идуна Сигнал“ парк во Дортмунд ќе гостува Реал Мадрид. Реваншите се по обратен редослед на 30. април и на 1. мај.
Победниците од овие два двомечи ќе играат во финалето на 25. мај, во Лондон, на легендарниот стадион „Вембли“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


