Во Прилеп почнаа подготвките за одбележувањето на патронот на градот Св. Никола, што ќе се одржи по десетти пат. Посните сармички, со кои Прилеп влезе во Гинисовата книга на рекорди пред неколку години, денеска почнаа да виткаат вредните прилепски домаќинки од неколку невладини организации.
Се планира да се подготват 70 илјади посни самри, 300 килограми грав, 300 килограми риба, ќе има по 1000 литри вино, ракија и други пијалаци. Трпезата ќе бдие збогатена со тиква, костени, пченица, добредојде колачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.