| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ ги повика Заев, Верушевски и Палифров на Анкетната комисија за „Пуч“

zaev-Во рамки на Анкетната комисија за утврдување на политичка одговорност за случајот „Пуч“, ВМРО-ДПМНЕ повика три лица.

Повикан е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е четвртоосомничен во „Пуч“. ВМРО-ДПМНЕ го повикува и синот на првоосомничениот Зоран Верушевски, Александар.

Пред Анкетната комисија треба да се појави и Бранко Палифров од Струмица, второосомничен во истиот случај.

Зоран Верушевски и Зоран Заев се обвинети за употреба на незаконски средства на следење и шпионирање, како и за упатување на сериозни закани кон високи државни функционери, а сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

-Според досега документираните сознанија, двајца од обвинетите биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности и чекори за кои биле богато финански наградени. Од првично направените проверки, имотот на двајцата е несразмерно зголемен, односно анализите што се направени досега покажуваат дека станува збор за стотици илјади евра во готовина, но и во акции, кои завршиле кај нив- соопшти тогаш полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top