| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемиот раскол во историјата на екс Ју рок музиката: како Бреговиќ го уништи „Бијело дугме“

На вчерашниот ден, пред точно 70 години родена е легендата на југословенската рок сцена, Жељко Бебек.

насловна бебек

Иако Бебе е најпознат како прв пејач на култната група „Бијело дугме“ ниту неговата соло кариера не е занемарлива. Од големиот број на соло албуми кој Бебек ги снимил се издвојуваат неколку хитови без кои историјата на југословенската музика не би била иста.

бебе2

Бебек беше лен на „Бијело дугме“ во периодот помеѓу 1974 – 1984  година и токму овие 10 години музичките критичари ги сметаат за најзначајни за групата. По несоглсувањата со Горан Бреговиќ Бебек ја напушта групата.

Иако „Бијело дугме“ и неколку години по заминувањето на Бебек продолжиле со работа, неговото напуштање на бендот и ден денес  е предмет на многу расправии. Водечкиот судир во бендот беше околу тоа кој е биде на челото на бендот односно кој ќе биде тој кој вешто  ќе управува со ова мало музичко  семејство.

бебек3

Бреговиќ се гледаше себе си на чело. Тој сакал да биде единствениот важен човек во бендот, да биде оној кој ќе  ги носи сите важни одлуки. Но, во период кога Бебек беше пејач, Бреговиќ  беше само неговиот композитор, поради што Горан се почувствувал загрозено. Тоа го разнишало неговото его, па Бреговиќ решил да си обезбеди водечко место во бендот, а тоа можел да го стори само на еден начин – со исфрлање на Бебек.

Затоа во 1984 година Бебек бил исфрлен. Во станот на Брегови се одржал состанок со сите членови на бендот, на кој Бебек бил прогласен за виновен, бидејќи според мислењето на мнозинството се однесувал недисциплинирано. Но, Бебек од  денешна гледна точка смета дека ова предавство кое му се случило сепак му донело многу добри нешта.

плоче

-Јас и во тоа време сметав дека моето заминување од „Дугмињата“ беше исправен пат. Но тоа се случи на  многу грд начин. Јас и пред  да се случи целата работа сметав дека е време да ја напуштам групата, бидејќи во бендот беше човек кој се бореше за својата лидерска позиција. Тоа за мене значеше дека по секоја цена ќе се обиде да ме уништи и да ги потроши сите мои креативни години и по тоа ќе станам истрошен и неупотреблив пејач – изјавил Бебек во една прилика.

Иако Бебек  со Горан Бреговиќ соработувал пред десетина години додека беа на повратничка турнеја со „Бијело дугме“, тие двајца и ден денес  не се во добри односи.

бреговиќ

-Јас мислам дека тој е умен човек. Тој не е ниту блиску толку добар свирач каков што „Бијело дугме“ требаше да го има. Мислам дека ниту како композитор не беше многу за фалење. Сите ние во една рака ги создававме песните во тоа време, значи целиот бенд. Но морам да признам дека многу и копиравме – одговорил Бебк на прашањето какво е неговото мислење за Бреговиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top