Во емисијата „Кирилица“ на ТВ „Хепи“, Горан Бреговиќ си ја отворил душата и без никакви задршки говорел за своите пороци, големата љубов на мајка му и татко му, кумот Емир Кустурица…
Приказна која често се врзувала за Бреговиќ била онаа за дрогата.
– Кога снимавме во Лондон од Југотон полудуваа бидејќи бараш цвеќе и колачи. Луѓето не веруваа дека тоа е за дрога? прашал водителот Мариќ.
– Сакаш да ме срамиш тука? Јас со дрогата почнав и завршив со 19. години. Откако почнав да студирам никогаш повеќе не допрев дрога. Бидејќи немав дисциплина да пишувам текстови на време во Лондон имав рок до кога да завршам. Единствен начин да бидам буден 20. дена за да сето тоа го стасам беше да се држам на таа некоја мала доза, рекол Бреговиќ.
Говорејќи за митовите кои се раскажувале за него Брега рекол: Единствено не слушнав дека сум геј!
Сепак, водителот го спомна наводниот домашен порно филм на Бреговиќ, кој е откриен во време на војната во БИХ, а кој излегол во загрепски Глобус.
– Да излезеше ќе го имаше и ти сега. Кога ги најдоа тие касети…Тука немаше ништо од што би требало да се срамиш…Луѓето приватно прават работи за кои не мислат дека ќе станат јавни. Не мислам дека Северина мислела дека нејзиното видео ќе стане јавно, рекол Брега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Имате најдобар сосед кој утре пука во вас, бидејќи сте друга вера – Бреговиќ ја објасни бесмисленоста на војната!
-
Бреговиќ: Татко ми е католик, мајка ми Србинка, а жената муслиманка. На кого требаше да пукам?
-
Бебек за Бреговиќ: „Тој е балкански примитивец“
-
Најголемиот раскол во историјата на екс Ју рок музиката: како Бреговиќ го уништи „Бијело дугме“