| четврток, 6 декември 2018 |

„Фрајле“ специјални гости на концертот на Жељко Бебек

„Авалон продукција“ информираше дека специјални гости на концертот на Жељко Бебек со симфониски и тамбурашки оркестар во Скопје ќе биде извонредната женска атракција, групата „Фрајле“.

Освен по извонредната интерпретација, овие дами се познати и по својот кабаретски изглед со уникатна костимографија, кои ги истакнуваат и изразуваат нивниот вкус и индивидуалност. Бендот е основан во 2009 година, а го сочинуваат четирите дами: Марија Мирковиќ, Наташа Михајловиќ, Невена и Јелена Буча. Со формирањето на групата, овие новосадски музичарки одлучуваат да ги здружат своите сили и талент и за помалку од една година доживуваат неверојатен успех.

Настапите на „Фрајле“ се возбудливи како за клупската, така и за концертната публика. Досега соработувале со повеќе музичари од регионот, вклучувајќи ги: Грамофонџије, Владо Георгиев, Оливер Драгојевиќ, Нина Бадриќ, Александра Радовиќ, Зоран Симјановиќ и др.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top