| четврток, 6 декември 2018 |

Имате најдобар сосед кој утре пука во вас, бидејќи сте друга вера – Бреговиќ ја објасни бесмисленоста на војната!

За балканската ѕвезда Горан Бреговиќ неговото родно Сараево е повеќе од град.Според него Сараево е „метафора“ на мултикултурниот начин на живот кој се распаѓа кога започнува верскиот судир.

-Сето она што сега го гледаме по Европа, најпрво го видовме во Сараево. Соседот, кој денеска ви е добар комшија, утре пука на вас, бидејќи сте друга вера- раскажал Бреговиќ на новинарот на АФП во интервју за француската новинска агенција.

-Сараево отсекогаш е мојата прва метафора. Денеска тоа не е само име на град, тоа е метафора на нашето време-додал Бреговиќ.

Својот последен албум „Три писма од Сараево“, 67 годишниот музичар го посветил на кршливиот верски склад и својот роден град.

-Бог не ни кажал како да живееме заедно, бидејќи тоа е нешто што мораме сами да го научиме – вели музичарот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top