| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Германија сака договор за останување на Велика Британија во ЕУ

merkel-germaniq-iska-sdelka-za-ostavane-na-velikobritaniq-v-es-345162

Германија сака да се постигне договор за останување на Велика Британија во Европската унија, но не може да прави компромис со основните принципи на блокот од 28 членки, изјави денеска германскиот канцелар Ангела Меркел, цитирана од Ројтерс.
– Од една страна, сакаме да постигнеме договор, со кој британската влада ќе води успешна кампања за останување во ЕУ на референдумот, од друга страна, не сакаме и нема да ги ставиме под знак прашање основните принципи на европската интеграција. Ова ги вклучува особено принципите за слободно движење и за недискриминација меѓу европските граѓани, истакна канцеларката пред долниот дом на парламентот, Бундестагот, пред самитот на ЕУ, посветен на европската иднина на Велика Британија.
Целта на дипломатските напори за ставање крај на четиригодишниот конфликт во Сирија е да се постигне долгорочно решение, кое не го вклучува сирискиот претседател Башар Асад, рече Меркел.
– Идејата е да се прекине војната во Сирија без Асад. Асад никогаш не може да биде дел од едно трајно решение, истакна канцеларката. Засега не е можно да се олеснат санкциите против Русија поради Украина, истакна Меркел.
Евентуалното укинување на санкциите против Русија е поврзано со целосна имплементација на мировните договори од Минск, рече таа пред Бундестагот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top