| четврток, 6 декември 2018 |

Натпис за ИД осамна на автобуска станица во Валона

Засега неидентификувани лица на автобуската станица во приморскиот град Валона поставиле натпис на хартија на која се нацртани лик на џихадист, автоматска пушка и бомба и пишува: „ИСИС Алаху Егбер“.

isis

 

Како што јави дописникот на МИА, албанската полиција потврди дека натписот бил поставен на еден киоск за продажба на весници и предизвикал паника кај граѓаните, кои веднаш ги известиле полицијците.

Полицијата почнала истрага за откривање на сторителите.

Ова не е прв ваков случај во Албанија. Неодамна во Корча осамнаа рафити со големи букви на кои беше напишано: ИСИС, Алаху Агбар, Ал Каеда и АК­47.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top