| четврток, 6 декември 2018 |

Додека чекал автобус ограбил две лица

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.С. (51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“.

На 04.04.2018 година околу 19.40 часот на автобуска постојка на ул. „Димитрије Чуповски“ пријавениот го искористил невниманието на две лица. Од едното лице одзел паричник со лични документи, банкарски картички и пари, а од другото лице одзел службена легитимација за физичко обезбедување од агенција за обезбедување.

С.С. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Центар. Во разговор со полициските службеници тој го признал делото, а веднаш потоа одземените предмети им биле вратени на оштетените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top