| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен францускиот учител кој лажел дека бил нападнат од терорист

arestuvaha-frenskiq-uchitel-izlygal-che-bil-napadnat-ot-myj-kreshtqsht-imeto-na-islqmska-dyrjava-344854

Францускиот учител кој измислил дека бил нападнат од маж, кој го извикувал името на групата „Исламска држава“, беше уапсен, изјави денеска обвинителството.
Професорот рекол дека вчера во училницата бил нападнат од маскиран маж вооружен со нож, во париското предградие Обервилие. Учителот добил медицинска помош за полесни повреди, кои, како што соопшти подоцна Министерството за образование, тој сам си ги нанел.
Откако психијатриската проценка утврдила дека 45-годишниот професор имал психички проблеми, тој бил префрлен во болница.
Според обвинителството, мотивите за неговите активности засега се непознати. Според информација на „Франс прес“ тој, исто така, е суспендиран од работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top