| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на фотографии од Фадел Алмутагањи

Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“, е отворена изложба на светски познатиот фотограф од Кралството Бахраин, Фадел Алмутагањи.

Бахреинскиот автор е еден од најпознатите светски фотографи, член на повеќе светски фотографски организации, кој се има здобиено со многубројни титули.

Со фотографијата како негова најголема страст почнува во 90-тите години, за подоцна, во 2012 година, да поче сериозно да се занимава со оваа уметност. Обожава да патува, бидејќи, како што вели, тоа не е дел само од неговата професија, што претходно му била само хоби, туку негов начин на живот, како што, всушност, е и неговото животно мото „Фотографијата не е само едноставно професија.. тоа е страст…“.

Добитник е на голем број награди, повеќе од 250, од само 128 фотографски натпревари одржани во 38 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top