Англискиот гигант Манчестер јунајтед, кој доживеа непријатна елиминација од Лигата на шампионите, еврпоските натпреварувања ќе ги продолжи во Лигата на Европа. Во денешната ждрепка одржана во Нион, „црвените ѓаволи“ за да се пласираат во осминафиналето ќе мора да го победат данскиот Митјиланд. Тимот на Луј ван Гал сигурно ќе предизвика големо внимание на ова гостување, а секако е и голем фаворит за пласман во следната рунда.
Ливерпул ќе ги одмери силите со германскиот Аугсбург, додека Борусија Дортмунд за ривал го доби Порто, кој исто така беше елиминиран од Лигата на шампионите.
Турскиот клуб Галатасарај ќе се сретне со калчолигашот Лацио, а интересен ќе биде и дуелот меѓу Шахтјор Доњецк и Шалке 04.
Четирикратниот победник во ова натпреварување, шпанскиот претставник Севилја, за ривал го доби Молде. Вилјареал ќе ги одмери силите против Наполи.
1/16 – финале од Лигата на Европа, двојки
ВАЛЕНСИЈА – РАПИД ВИЕНА
ФИОРЕНТИНА – ТОТЕНХЕМ
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ПОРТО
ФЕНЕРБАХЧЕ – ЛОКОМОТИВ МОСКВА
АНДЕРЛЕХТ – ОЛИМПИЈАКОС
МИТЈИЛАНД – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
АУГСБУРГ – ЛИВЕРПУЛ
СПАРТА ПРАГА – КРАСНОДАР
ГАЛАТАСАРАЈ – ЛАЦИО
СИОН – БРАГА
ШАХТЈОР ДОЊЕЦК – ШАЛКЕ 04
ОЛИМПИК МАРСЕЈ – АТЛЕТИК БИЛБАО
СЕВИЛЈА – МОЛДЕ
СПОРТИНГ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
ВИЛЈАРЕАЛ – НАПОЛИ
СЕНТ ЕТЈЕН – БАЗЕЛ
Првите мечеви ќе се играат на 18 февруари, а реваншите на 25 февруари 2016 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед
-
Манчестер Јунајтед остана без Антонио Валенсија до крајот на јануари
-
Јунајтед минималнo победи на „Олд Трафорд“, Ливерпул и Арсенал со нови киксови