| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книга од м-р Жика Стојановски

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, на 15 декември (вторник) 2015 година во 18 часот ќе биде промовирана книгата „Управување со современите фактори на растот на локално ниво – градење локална самоуправа заснована на знаење“ од м-р Жика Стојановски.

За делото ќе говорат проф.д-р Наталија Николовска и проф.д-р Пеце Недановски.

Жика Стојановски (1963) е актуелен градоначалник на Општина Илинден. Магистрирал на Економскиот факултет при универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Под мотото „Да ги искористиме силните страни на Општината Илинден“ како градоначалник има значителен придонес за локалниот економски развој во општина Илинден како успешна инвестициска дестинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top