Најубавиот дел од процесот е да учиш како на луѓето да им читаш од очите, наместо од зборовите. Јас бев нивното огледало, а тие моето! – Ана Јовковска, авторката на книгата „Пулсот и времето“ на Широк Сокак во Битола!
Беше понуден искрен и интимен разговор со авторката и потпишување на книгата која поради огромен интерес излезе во втор тираж. Ана Јовковска одговараѓе на прашања пред битолската публиката…а ќе имаше и моменти на изненадување.
Средбата со Ана е како…
пливање кон брегот на вистината,
допир со реалноста,
натпревар со љубовта,
казна за суетата,
рандеву со болката,
вадење маски,
нуркање во најдлабокото,
соочување со сопственото,
разбирање на туѓото,
егзистенцијален шах со животот,
наоѓање детелинка со пет листа…
Нејзината срдечност, креативност и луцидност ги соголи и најтврдокорните интелектуалци и јавни личности – писатели, актери, уметници, професори, дипломати и политичари.
„ПУЛСОТ И ВРЕМЕТО“ не е само книга! Таа е ОПШТЕСТВЕНАТА СОВЕСТ! Огледалото на секој од нас!
Рецензенти на книгата се Венко Андоновски, Никола Ристановски, Елизабета Шелева, Ферид Мухиќ, Дејан Дуковски и Александар Прокопиев.
фото: Димитар Петковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.