Денеска (14.12.) во 11.00 часот во изложбениот салон на МАНУ ќе се отвори изложбата „Сведоштва за богомилите“. Изложбата е резултат од теренското истражување, што се одржа во октомври 2014 година во селата: Богомила, Нежилово, Согле и Бистрица. Станува збор за дел од активностите на проектот „Богомилското движење и богомилската книжевност“, што се реализира помеѓу МАНУ и БАН.
Богомилството се вбројува во редот на оние духовни појави, коишто со својот историско-културолошки статус и значење претставуваат релевантна придобивка не само за македонската, туку пошироко за балканската и воопшто за европската цивилизација и култура. Целта на Проектот е културолошко проследување на богомилството како универзална придобивка, уште повеќе што идентификацијата на неговите цивилизациски вредности и влијанија најдобро се согледува прекукнижевните состави со автентична артикулација, апокрифите, филозофските аспекти на учењето, како и пре-ку неговата присутност и традиција во народното творештво.
Учесници на проектот од Република Македонија се:академик Блаже Ристовски, раководител; проф.д-р Маја Ангеловска-Панова, координатор и проф.д-р Вера Стојчевска-Антиќ.
На отварањето ќе се обратат проф. д-р Маја Ангеловска-Панова (автор на изложбата), проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ (учесник во проектот) и проф.д-р Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја и дописен член на МАНУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.