Во домашното студио „Езотерија“, Влатко Стефановски, заедно со тон-мајсторот Мите Димовски, деновиве работи на финалниот микс на песните од неговиот најнов албум, кој се подготвува подолго време. По цели десет години од „Кула од карти“, ова е прв албум на Стефановски со песни што се во поп-рок манир.
Албумот носи наслов Guitar Tzar – Царот на гитарата! Во периодот од десет години Влатко Стефановски со Мирослав Тадиќ сними два албума – Трета мајка и Live in Zagreb, блуз – преработките собрани во колекција со наслов „Гром од ведро небо“ (Thunder from the Blue Sky), кои ги сними со Јан Акерман и Дамир Имери, додека проектот Kings of Strings го реализираше со светски прочуените Томи Емануел и Стохело Росенберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.