Калчолигашот Верона се наоѓа во сериозни проблеми оваа сезона, поради повредените фудбалери, и моментално се наоѓа на последната позиција на табелата во Серија А.
До крајот на првенството остануваат уште неколку натпревари, а како што тврдат медиумите од Италија, тимот сака да го врати Хуан Итурбе во своите редови, кој моментално настапува за Рома.
– Би сакале да го вратиме Итурбе во нашиот табор, но свесни сме дека такво нешто ќе биде навистина многу тешко. Не сме единствени што го сакаме Хуан во тимот, но, имаме предност бидејќи претходно го носеше нашиот дрес. Тој одлично го познава овој клуб и град, и не гледам причина зошто не би се вратил тука повторно – изјави директорот на Верона, Рикардо Бигон.
Аргентинецот минатото лето се пресели кај „волчицата“ за сума од 22.5 милиони евра, меѓутоа не успеа да ги оправда вложените финансии за него, и одигра 45 натпревари, постигнувајќи пет погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)