| четврток, 6 декември 2018 |

Ерјавец: Депозитите во НЛБ Тутунска банка се сигурни

slovenec-1

Словенечкиот шеф на дипломатијата, Карл Виктор Ерјавец, кој денеска беше во прва официјална посета на земјава, потврди дека депозитите на македонските граѓани во НЛБ Тутунска банка се безбедни.

– И покрај економската криза во Словенија, која се должи на одржувањето на стабилноста на еврото, депозитите на македонските граѓани во НЛБ Тутунска банка се безбедни – изјави Ерјавец.

Нова љубљанска банка – Словенија, која е сопственик на НЛБ Тутунска банка, е во доминатна сопственост на словенечката држава и поради кризата е во лоша состојба.

Неодамна, на барање на Европскта комисија, банката најави преструктуирање со кое ќе го подобри работењето и ќе ја врати довербата на штедачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top