Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави денеска дека неговата земја повеќе нема да се противи на воведувањето квоти за бегалци во ЕУ и дека е подготвена да прифати околу 2.000 бегалци.
– Повеќе нема да се противиме на задлжителните квоти и сметам дека за Словенија не би требало да биде проблем да прифати околу 2.000 бегалци – изјави Ерјавец во Брисел, пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Европската комисија идната недела треба да ги одреди точните квоти за распределување на 160.000 бегалци низ земјите членки на ЕУ врз основа на бројот на жители и економски развој. Според проценките Словенија би требало да прими околу 2.000 бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти