Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска ќе се сретне со потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Карл Ерјавец.
Се очекува двајцата министри да разговараат за унапредување на билатералните односи, како и за искористување на капацитетите и можностите за проширување на соработката во сите области од заеднички интерес, особено во сферата на економијата, европското и евроатлантското интегрирање на Република Македонија и регионалните иницијативи.
Министерот за надворешни работи на Република Словенија, Карл Ерјавец, ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, и од премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.