Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави, дека неговата влада е изненадена од одлуката на Унгарија да постави безбедносна ограда долж границата меѓу двете земји, кои се членки на Европската унија.
Ерјавец нагласи дека Словенија не била информирана навремено за ваквиот чекор на Унгарија, како и дека оградата не е потребна. Двете држави се земји членки на Шенген зоната за слободно патување, каде луѓето се претпоставува дека можат да ги минуваат границите слободно.
Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач денеска изјави дека оградата на словенечката граница треба да го блокира споредниот пат на имигрантите, кои се обидуваат да ја избегнат оградата на унгарската граница со Србија и Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
„Тајна вечера“ на лидерите на ЕУ, без Тереза Меј
-
Туск: Да бидеме подготвени дека нема да има договор за Брегзит