| четврток, 6 декември 2018 |

Секси Мразиците на македонската естрада

Фотосесиите обоени во црвено во последните неколку години станаа вистински хит, а домашните дами се почесто позираат како секси Баба Мразици и на тој начин им ги честитаат новогодишните и божиќните празници на фановите.

Симона Попоска, Елена Велевска, Сузана Гавазова, Татијана Стефановска, Сара Мејс, Татјана Лазаревска… се дел од пејачките кои се имаат фотнато во црвени фустанчиња со новогодишни капи и бели крзна на себе.

Сепак грев е да ги наречеме “баба” мразици затоа што тие со својот сексапил можат да бидат се, само тоа не!

Погледнете ги и изберете ја најубавата според вас…

Елена Велевска

10891539_10205856129902630_8696585854084110168_n

Фолкерката минатата година направи новогодишна фотосесија, а на дел од фотките друштво и правеа и децата. Велевска инаку празниците стандардно ќе ги помине работно, а за најлудата ноќ ќе ги забавува струмичани.

Симона Попоска

simona-poposka-ngfoto-11

Младата Симона Попоска иако глава не може да крене од настапи, секогаш наоѓа време за обожавателите и им подарува уникатни новогодишни честитки.

Сузана Гавазова

12311195_1066730590025576_6294689625749911825_n

Гавазова облечена во црвено фустанче, со халтери и чорапи изгледа како милион долари. Оваа година нема да работи, а празниците ќе ги помине во Шведска каде живее заедно со сопругот и двете ќерки.

Татјана Стефановска

336117-seksi-baba-mrazici-za-zheshki-novogodishni-praznici

Со жешка празнична фотосесија Тања го најави новото видео за песната ” Какво срце имаш ти”. Таа веќе идната недела заминува за Америка каде ќе има турнеја до крајот на јануари, а друштво ќе и прави и сопругот Митко.

Сара Мејс

336118-seksi-baba-mrazici-za-zheshki-novogodishni-praznici

И додека фолкерките честитаат празници облечени во црвени мини здолништа, Сара Мејс минатата година на фановите им посака среќа и здравје облечена како ангел.

Татјана Лазаревска

336119-seksi-baba-mrazici-za-zheshki-novogodishni-praznici

Пред да се преселат во Австралија, Тања и Новица се фотнаа облечени како Дедо Мраз и Баба Мразица и на тој начин им посакаа се најдобро на фановите.

Извор: Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top