Веќе 30 години, Мајкл П. Михан е во епицентарот на комуникациите, политиката и политичките сфери. За неговото време во Капитол Хил, Михан работел како шеф на кабинетот на американски сенатор, како и на важни консултантски позиции за многу американски сенатори, меѓу кои и лидер на мнозинството во Сенатот, како и неколку претставници на САД. Покрај тоа, Михан поминал многу години во насочување на високи политички и комуникациски позиции од сите три национални комитети на Демократската партија.
Како сведоштво за неговата способност да најде консензус и да произведе напредок, двајцата претседатели Барак Обама и Џорџ Буш го номинираа Михан да служи како член на Одборот на гувернери за радиодифузија, кој раководи со сите американски меѓународни радиодифузни друштва во областа на јавната дипломатија. Гувернерот Михан му служеше на двопартискиот Одбор од 2010-2015 каде што тој беше претседател на Комисијата за стратегијата и буџетот, како и на Комисијата за глобална слобода на интернет. Тој, исто така, бил претседател на Одборот на Радио Слободна Азија и радиодифузината мрежа на Блискиот Исток. Во 2013 година гувернерот Михан доби награда за шампион на слободниот говор.
Михан беше виш советник за комуникации на претседателската кампања на Џон Кери. Има завршено студии за политичка наука и образование на колеџот „Бејтс“. Како експерт во медиумите, комуникациите и политиката, Михан се појавува на националното телевизиските вести и држи предавања на универзитетите како Колумбија, Беркли, Харвард, УКЛА, Стенфорд и други.
Тој објави колумна во магазинот „Д Хил“ во која меѓудругото посочува:
-Додека повеќето граѓани очекуваат да видат ваков вид потиснување на медиумите во земји водени од репресивни режими, тоа што е неочекувано, и малку вознемирувачко, се настаните што се случуваат во прозападните нации. Македонија, на пример, е земја која некогаш била под влијание на советскиот блок, а сега е водена од премиерот Никола Груевски, кој е наклонет кон НАТО и Западот. Македонија е исто така кандидат за пристап во Европската унија. Но опозициската партија во земјата, СДСМ, е водена од Зоран Заев, кој е наследник на поранешната владејачка Комунистичка партија за време на Студената војна. Во почетокот на оваа недела, Заев објави дека четири од седумте најголеми телевизиски станици и дневни весници, сите слободни медиуми кои не се во сопственост на СДСМ, се негови „најголеми непријатели“. Откако се соочи со серија критички напади, партијата на Заев го удвои облогот и издаде изјава во која ја нарекува сегашната медиумска клима во Македонија „катастрофална“.
Коментарите на Заев рефлектираат темно време од скорешната македонска историја. Во почетокот на летото новинари од телевизијата „Сител“ и главниот и одговорен уредник на весникот „Вечер“ беа вербално и физички нападнати од членови на СДСМ додека известуваа од протестот пред македонското Собрание. Канцелариите на „Радио слободна Македонија“ беа уништени за време на истиот протест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.