| четврток, 6 декември 2018 |

Сервер: Македонија во НАТО со БЈРМ

daniel server

Даниел Сервер, професор на Катедрата за постдипломски меѓународни студии на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, смета дека, без разлика каков е предлогот на посредникот Метју Нимиц за решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција, политичката волја е клучот за решавање на ова прашање.

– Има многу можни решенија. Но, сметам дека, и на грчка и на македонска страна, во последниве 20 години не постоеше политичка волја – Сервер.

Според него, Македонија во моментов навистина сака да влезе во НАТО што е можно побрзо и тој прием би се случил пред влезот во ЕУ. Тоа, според него, би помогнало да се смират меѓуетничките односи.

– Важно е да се разбере дека САД, навистина, во ова немаат важен национален интерес. Би сакале да ја видат Македонија во НАТО и во ЕУ. Мое лично чувство, но тоа е целосно лично, е дека приемот во НАТО треба да се случи во согласност со Привремената спогодба, што значи Македонија да влезе како поранешна југословенска Република Македонија. Моето сознание е дека Македонците се подготвени да прифатат членство во НАТО под тој услов – вели професорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top