Во новиот број на неделникот Република, кој е во продажба од 11.12.2015 година, ќе читате:
Личните карти и пасошите имаат иста адреса?
Во фокусот на Спасовски е да се скрие фалсификаторот?
Ако постојат индиции дека изворот на фалсификуваните лични карти со кои сега СДСМ тврди дека е направена изборна манипулација, што истрагата го негира, го носи истиот „потпис“ на аферата со патните исправи пред точно една година; тогаш не смее да се дозволи овој пат сето ова да помине неказнето. Но, дали по најавите и личните желби на Спасовски и овој случај да „заврши“ кај Специјалното обвинителство, сегашниот негов молк открива дека работата тргнала во друг правец?
Далеку од нов договор
Без лојалност нема консензус
Речиси една и пол деценија по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор на Македонија како никогаш порано ѝ е потребен нов договор. На земјата ѝ треба широка општествена согласност дека во иднина нема да ни се случуваат работи какви што гледавме досега. Тој договор не треба да се прави ниту поради Албанците ниту поради Македонците туку поради сите граѓани. Но, за разлика од договорот потпишан во август 2001 година од тогашните лидери на најголемите политички партии, овој новиов мора да си го потпишеме во нашите глави пред да излезе на јавна дебата.
По Зоран Заев
И терористите се крстат во Катица
Идиотската позиција на обвинетите од Диво Насеље и на нивните адвокати можеби и може да се разбере затоа што сите се свесни дека уапсените убијци ги чекаат десетици години затвор и сега сакаат барем да се исперат од атрибутот терористи и од поврзување со Исламската држава. Она што не може никако да се разбере е позицијата на дел од албанските интелектуалци во Македонија, кои во најголем дел молчат за тероризмот на кумановските убијци или, пак, глумејќи наивци, сѐ уште сакаат да нѐ убедат дека Мијалков е виновен што некој оставил осум семејства без татко, сопруг, брат.
Поделби во СДСМ
Елитата во судир со партијата
Опозицијата и натаму живее во сопствен филм. Елитистички, се разбира, бидејќи и не знае за друг. Биле тоа фрапантно бедни „контравести“ или жолчни изливи на нечии мрачни новинарски ситни души, тие си се поинакви. Секогаш. Затворени во сопствениот свет, не го разбираат ни сопствениот народ. Или, беше „стока“…
К15 сѐ уште е задолжителен
Многу недокажаности, малку прецизни информации
До овој момент исплатата на регресот се одвива со вообичаената динамика како и минатата година, со тоа што во последните неколку дена во ССМ е добиена информација дека до два гранкови синдикати се доставени барања од шест компании за намалување на регресот за годишен одмор – нагласуваат од ССМ.
Работно време
Поефикасна администрација или европски стандарди?
Од УПОЗ објаснуваат дека доставиле до Владата иницијатива за промена на работното време, откако претходно се расправало на работната група формирана од Економско–социјалниот совет на РМ. Според нив, била постигната согласност од сите заинтересирани страни. Бил донесен заклучок дека промената на работното време ќе влијае позитивно на усогласувањето на деловниот и на приватниот живот на работното место. Но работното време сè уште не е променето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.