| четврток, 6 декември 2018 |

Преродете се со диетата на доктор Хеј

Диетата го носи името на докторот Вилјем Хауард Хеј, роден 1866 година, кој бил успешен хирург, но на 40 години морал да прекине со својата работа бидејќи здравствената состојба драстично му се влошила. Пател од проблеми со срцето, крвниот притисок и бубрезите. Неговите колеги процениле дека не му останува уште многу време, па решил да проба со режимот на исхрана да си помогне.

Др. Хеј ја започнал својата специјална исхрана така што дефинирал два оброци (интегрални житарици, овошје и зеленчук, свежо месо и риба) а третиот оброк јадел само зеленчук. Престанал да пие кафе, но продолжил да пуши цигари и да конзумира алкохол.

Хеј смислил диета која е заснована на теоријата дека процесот на варење на храната влијае на здравјето.

Телото го користи базниот просец на варење на јаглени хидрати. Во оваа група Хеј ги вклучил скробната храна и слатките. Варењето на протеините предизвикува киселина. Доколку јагленохидратите и протеините се внесуваат во исто време киселиот просец ја прекинува базната средина. Комбинирање на некомпатибилна храна предизвикува ацидоза т.е зголемување на киселоста во телесните течности. Ги поврзал комбинациите на храната со болестите како што се Брајтова болест и дијабетес.

Неправилната комбинација предизвикува губиток на виталноста и ги дебели луѓето. Решението за тоа е јадење протеини преку еден а јагленохидрати преку вториот оброк . Групирал овошје во киселата група а зеленчукот во неутралната група, така да зеленчукот може да се јаде со било која група.

Групи на храна и што се конзумира кај Хејовата диета

Можете да јадете еден оброк од една група концентрирана храна (протеинска или скробна) комбиниран со храна од неутралната група. Растојанието измеѓу оброците треба да биде околу 4/5 саати.

Протеинската група вклучува :

  • Месо , месо од животни , риба , јајца , млечни производи кои вклучуваат млеко, јогурт и сирење. Млекото не би требало да го комбинирате со месото , требате со овошје.
  • Зрнестите плодови кои вклучуваат : леќа, грав , соја , просо
  • Овошје кое вклучува : јаболки, кајсии, јагоди , рибизли , грејпфрут, грозје , киви , лимон , манго , праска , портокал , сливи , ананас, малини , кајсии, мандарини. Лубеницата се во оваа категорија но треба да се јаде посебно.
  • Пијалоците кои се дозволени се црвено и бело вино

Неутралната група опфаќа:

  • Сето овошје освен она во скробната категорија
  • Сите врсти освен кикирики
  • Масти кои не вклучуваат путер и масла , жолчки и маслиново масло

Скробната група опфаќа:

  • Житарки , леб , ориз , производи направени од брашно и од интегрално брашно , пченка , овез и јачмен.
  • Скробниот зеленчук како што е компир, артичок
  • Слатко овошје како што е суво грозје, смокви , банана. Зрелите овошја не се дозволени заради високиот процент на шекер.

Хејовата диета денес

Во современото друштво Хејовата диета се користи доста за намалување на килограмите и ја користат застапници на алтернативната медицина. Тие сметаат дека овој начин на исхрана спречува артритис, проблеми со варењето, а исто така се препорачува на оние кои имаат проблеми со астма, алергии, кандида, како и хипогликемија.

Хејовиот план на исхрана бил поттик да се направат многу диети.

Внимавајте:

– Диетата не предвидува количина и број на порциите, што е многу битен фактор во губењето на килограмите. Исто така може да дојде до губиток на минералите и витамините ако оброкот се ограничи на еден дневно.

– Исхраната со овошје и зеленчук ќе ви помогне да се ослободите од болестите но сепак мора да се внимава бидејќи во некои случаеви не може да излечи артритис, алергија и астма.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top