| четврток, 6 декември 2018 |

Снег, можеби, ќе нема, ама нѐ чека сув студ

Снег оваа година, а најверојатно и оваа зима ќе може да видиме само на планините. Долгорочните прогнози велат дека по студениот период кој нѐ очекува кон крајот на оваа и целата наредна недела, следува благо зголемување на температурата.

stud-zima

Кон крајот на неделава, во некои места во Македонија ќе имаме температура од десет степени под нулата, а во главниот град минималната температура ќе се спушти до минус седум Целзиусови степени.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната недела, а во последната седмица од годинава ќе следува раст на температурата. Минималната температура нема да се спушти под нулата, а максималната ќе се искачи со 11 степени во Скопје, а во појужните делови и до 15 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top