Грчката Влада ниту ги потврдува ниту ги демантира извештаите во медиумите за тоа кој е всушност последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, јави МИА од Атина. Ваквата изјава портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас е новост затоа што досега тој секогаш остро демантираше се што се пишува во медиумите.
Во однос на шпекулациите за тоа каде ќе стои георгафската одредница, тој рече дека работен јазик на преговорите во Обединетите Нации е англиски така што и идеите и предлозите на Нимиц се презентираат на англиски.
Според него, последната средба во Њујорк е уште еден чекор во преговарачкиот процес, кој е со цел да ги доближи двете страни за тие да можат за дојдат до взаемно прифатливо решение. Грчкиот преговарач Василакис денеска се враќа во Атина каде ќе го извести Министерството за последните разговори и предлози на Нимиц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.