| четврток, 6 декември 2018 |

ИН МЕМОРИАМ – Љубчо Матевски Шкрет (1957-2015)

ljupco matevski

Денеска по кратко боледување почина Љубчо Матевски, долгогодишниот спортски директор на фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров, пренесува спортскиот портал Спортмедиа.мк.

Матевски речиси целиот свој живот му го посвети на фудбалот и на клубот Македонија Ѓорче Петров, каде работеше 35 години. Тој беше инволвиран во сите успеси и падови на клубот, но секогаш макотрпно работеше да го врати онаму каде што припаѓа, а тоа е на врвот.

Секогаш присутен на речиси сите натпревари на „лавовите” било во Четвртата лига, Првата лига, при освојувањето на Купот и шампионската титула, до натпреварите кога Македонија Ѓорче Петров го претставуваше македонскиот клупски фудбал во европските купови како Интертото купот, УЕФА купот и квалификациите за Лигата на шампиони.

Како прв оперативец на клубот беше задолжен за трансферите, ангажирањето тренери и регрутирањето млади таленти, по која е позната фудбалската школа на Македонија Ѓорче Петров. Фудбалски работник, кој сигурно ќе му недостига на својот еден и единствен клуб, но и на македонскиот фудбал воопшто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top