Вечерва во Скопје по долго и тешко боледување на 69-годишна возраст почина доајенот на македонскиот кајак на диви води, Мичо Поповски.
Тој беше поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет.
Поповски беше роден роден 05.05.1947 година во с.Горничево, Леринска околија. Дипломиран инженер металург. Кариерата ја започнува во Рудници и Железарница, а ја заврши како раководител на сектор урбанизам во Град Скопје.
Активно беше вклучен во спортот, поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет.
Претседател на Сојузот на спортови на Град Скопје, Сојузот на спортски федерации на Македонија, прв Претседател на Кајакарската федерација на Македонија по осамостојувањето.
Како селектор на Македонската репрезентација учесник на четири олимписки игри, Барселона, Атланта, Сиднеј и Атина.
Добитник на наградата 13 Ноември на Град Скопје, а повеќепати и одликуван со награди и признанија од Светската Кајакарска федерација и Меѓународниот Олимписки Комитет. Претседател на Кајак клубот Илинден 90 каде последните неколку години активно беше посветен на развојот на младинските категории.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре 27 Април на гробиштата во Бутел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тага во фудбалскиот свет, почина еден од најдобрите светски судии Стефано Фарина
-
Браќата Маџирови ќе се сретнат по 17 години: Мене ништо друго и не ми преостана туку да го барам Игор меѓу овие 88 дирки (ВИДЕО)
-
Вања Лазарова: Ќе се сети ли некој на нас ако самите се заборавиме?
-
Почина новинарот и уредник Владимир Антонов