| четврток, 6 декември 2018 |

Двата најважни совета кога сакате да загубите повеќе од 40 килограми

1
Грејси Борст од мала имала проблеми со тежината, иако била физички активна. Сепак, била свесна дека тоа е поради лошиот начин на исхрана и редовното јадење брза храна. Кога достигнала 110 килограми, решила дека мора да го промени својот живот.

Во нејзиниот интернет-дневник, Борст го раскажува својот пат и губењето на повеќе од 40 килограми за една година.

Според неа, постојат две основни правила што мора да се следат.

1. Слабејте „ден по ден“ Ништо не може преку ноќ. Тешко е кога од постојано јадење пици и хамбургери наеднаш почнувате да гладувате. Затоа почнете малку по малку да кратите од порциите, хамбургерите малку по малку заменувајте ги со поздрава храна. Така нема да правите диета, туку целосно ќе го смените начинот на исхрана и на живот. Ќе се навикнете и ќе го засакате овој здрав живот.

2. Планирајте однапред

Планирајте го својот ден, недела. Важно е редовно да вежбате, па секогаш имајте место во текот на денот за вежбање, макар 15 минути. На почетокот почнав со пешачење на лентата за трчање, па зголемував темпо со брзо одење, за на крај да трчам. Ако го планирате својот ден, ќе имате време и за сите оброци, кои колку и да мислите дека е во ред – не треба да се прескокнуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top