| четврток, 6 декември 2018 |

Нов тренд: родителите им даваат имиња на децата по филтри од „Инстаграм“

Со желба да бидат што пооригинални, сè повеќе родители на своите деца има даваат невообичаени имиња.

1-preslatki-bebinja-oblecheni-vo-duhot-na-bozhikjnite-praznici-www.kafepauza.mk_

Според статистиката на „Бејби центар“ во светото посебно се  популарни имиња на филтрите од „Инстаграм“.

Според статистичките податоци, женските имиња Валенскија, Џуно и Виоу се едни од најпопуларните имиња.  Што се однесува до машките имиња, меѓу најпопуларните се најдоа Лудвиг, Лукса, Амара, Рејс, Хадсони Келвин.

-Искрено, бевме прилично изненадени со овие податоци, но не мислиме дека ова е нешто лошо, токму спротивно. Сите ги обележуваат најскапоцените моменти од живото токму на оваа социјална мрежа, па зошто тогаш и да не ја персонализираат – појаснила Линда Мареј од Беби центарот и додала дека засега никој на своето бебе не му дал име Икс-про.

neodoliva-pletena-obleka-za-bebinja-01

Исто така, според статистките на овој Центар, дури 75 отсто мајки користат  телефони  веднаш по породувањето за да објават фотографии на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top