Во текот на летото се венчаа во тајност, а сега Џастин откри некои детали од медениот месец, кој не поминал според планот.
Имено, познатата брачна двојка Џенифер Анистон и Џастин Теру на еден егзотичен остров сакале да нуркаат и тоа со боци со кислород.
– Сè беше идилично. Гледав шарени риби и корали, а потоа забележив црвено светло на боцата со кислород, тогаш ме фати паника – призна 44 -годишниот Џастин.
Како што објави „Е-онлајн“, при последното нуркање работите дополнително се компликувале.
– На пријателот што беше со нас му ја покажав мојата боца, а тој го имаше оној поглед: „ОК, нема да се извлечеш“ – ги откри Џастин неговите стравувања под водата.
За среќа, тогаш дошол инструкторот по нуркање, кој му дал респиратор за итни случаи со цел да дише без проблеми под површината на водата.
– Медениот месец можеше да се претвори во кошмар. За среќа, сè помина добро. И научив да нуркам – изјави Теру, кој денес на целата ситуација може да се насмее, но не му било сеедно, како ни на неговата позната сопруга.
Брачната двојка, наводно, треба да посвои дете, за да се посвети на поубавата страна во животот и проширување на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.