Познатата изрека вели: летната кондиција се постигнува во зима. Но секој од нас знае колку е тешко да му се одолее на чипсот, особено кога е поладно и кога најмногу сакаме да си седиме под кебе во топлината на својот дом и да ги гледаме омилените серии. Меѓутоа, грицките не мораат да бидат мрсни и нездрави– туку можат да ви помогнат да ослабнете, а притоа и да бидат вкусни!

Ако и вие спаѓате во онаа група која не може да гледа филм без да грицка нешто, еве ви рецепт за здрави грицки кои одлично ќе послужат за таа цел.
Станува збор за чипс од кељ, кој можете да го направите многу едноставно.
Состојки:
1. Кељ
2. Маслиново масло
3. Сол
Приготвување:
1. Кељот добро да се измие, а потоа да се исуши со помош на кујнска крпа или хартиени салфетки.
2. Со помош на нож исечете го секој лист на помали парчиња, а средината потполно отстранете ја затоа што е горчлива.
3. Парчињата кељ ставете ги во голем пластичен сад и прелијте ги со маслиново масло. Секое парче нека биде обложено со масло.
4. На тепсија ставете хартија за печење, а потоа по неа распоредете парчиња кељ и по нив поросете сол (вкупно 1/4 лажица).
5. Загрејте ја рерната на 150 степени и печете ги 8-12 минути. Се зависи од видот на кељ кој го користите. Чипсот е готов штом ќе забележите дека е кељот крут и внимавајте да не загори.
6. Оставете да се излади пред да го пробате. Можеби на почеток вкусот ќе ви биде чуден, а можеби и веднаш ќе го засакате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


