| четврток, 6 декември 2018 |

Нова „Вистина“ од медиумите на СДСМ; Јакимовски демантира инфаркт

stevcho-jakimovski-Има ли дно до кое не можат да допрат медиумите поддржувачи на СДСМ. Таканаречените информативни портали немаат ништо заедничко со информативна улога. Таа и не постои постои, освен доколку за „вест“ не се смета ширење на невистини и шпекулации. Зад ваквите „медиуми“ за чија што „слобода“ се борат од СДСМ, нема наведено ниту уредник, ниту новинар.

Еден од тие таканаречени портали, во моменти кога на големо „се крои капа“ за медиумите и медиумските работници по желба на СДСМ, повторно се осмелува да рашири невистини и подли лаги. Зад тој портал се врзува името на директорот на Паркинзи Центар, близок соработник на опозицијата, кој што го злоупотребува интернет просторот со наводниот информативен портал за лична пресметка со лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Имено, и денеска, како и неколку пати до сега преку медиумите платени од опозицијата, се обиде да се рашири „вест“ за влошена здравствена состојба, за наводен инфаркт, кој го доживеал Градоначалникот на Карпош.

Но, оваа информација не е објавена во насока човечки да се изрази загриженост за здравјето на Јакимовски, туку да се бара одговор „дали Јакимовски е способен за бжвршење на градоначалничката функција“.

ops karposОд Карпош посочуваат, градоначалникот Јакимовски е во одлична здравствена состојба.

-Шпекулациите што ги шири порталот Centarnews.net и дел од СДСМ што стои зад него се чиста лага. Дали СДСМ под ширење лаги и зли намери по интернет медиумите ја подразбира слободата на медиуми? Поради ваквите лаги и дезинформации кои иматт негативни реперкусии во приватноста, но и во јавниот живот на Карпош, овој портал наскоро ќе се најде на суд- стои во реакцијата од општина Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top