| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Маџиров на книжевен фестивал во Индија

Македонскиот поет Никола Маџиров, од 4 до 6 декември, учествува на меѓународниот книжевен фестивал „Тајмс Лифест“ во Мумбаи во Индија, организиран од влијателниот весник „Тајмс“. Темата на фестивалот е „Покорениот израз“, а учествуваат прозаисти, публицисти и поети од сите континенти.

Никола Маџиров учествува на настанот „Незамолчени гласови – Поетите и протестот“. Поезијата на Маџиров е преведена и објавувана на хинди, малајалам, тамил и други индиски јазици. Водечкиот хинди дневен весник во Индија, „Џансата“ ја објави поезијата на Маџиров на хинди јазик, а индискиот магазин за култура и политика, „Караван“ испечати стихови на Маџиров, нарекувајќи го „македонски поет – неопходен глас на нашето книжевно доба“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top