Поезија на Наташа Сарџоска е објавена во книжевното списание „Арго“ во Италија, а поетски творби од авторката денеска ќе бидат промовирани во библиотеката „Гуанда“ во Парма. Нејзина поезија ќе биде претставена и на Саемот на книгата во Торино на почетокот на мај и во Трст на 19 мај.
Наташа Сарџоска е книжевен преведувач од италијански, португалски, француски, шпански и од англиски јазик. Досега учествувала на повеќе меѓународни книжевни фестивали, каде што литературните настапи ги соединува со музика, а капела пеење и сликање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.