Американската скијачка Линдѕи Вон го освои првото место на спустот што се одржа во Лејк Луис, објави порталот „Екипа“. Таа ја заврши трката со време од 1:50.50 минути, стигнувајќи до првиот успех во оваа сезона од Светскиот куп. Тоа е 34.победа за Линѕи Вон во спуст во нејзината кариера.
На втората позиција се пласира Австријката Корнелија Хутер, додека на третото место на пиедесталот застана нејзината сонародничка Рамона Сијбенхофер.
На машкиот спуст во Бивер Крик најбрз беше Аксел Лунд Свиндал, кој ја мина патеката за време од 1:42.34 минути. Неговиот сонародник Кјетил Јансруд заврши на второто место, додека трет беше Французинот Гилјермо Фајед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


