| четврток, 6 декември 2018 |

Линдзи Вон се врати на патеките и со победата во Гармиш покажа дека во врвна форма

lindzi von

Линдзи Вон уште еднаш докажа дека е најдобрата светска скијачка во овој момент. Американката иако поради две незгодни повреди скоро цела година беше надвор од патеките, сепак тоа не ја спречи денеска да слави на втората спуст трка по кам-бекот.

Вон со време од 1:43.41 беше најбрза на денешната трка во Гармиш-Партенкирхен. Зад себе ја остави Лара Гут која задоцни само 15 стотинки, додека трета беше Викторија Ребензбург од Германија со задоцнување од 45 стотинки.

Минатиот викенд на патеката во Алтенмаркт, Вон не успеаа да обезбеди време за подиум, но денес беше брилијантна и ја запиша својата 77. победа во кариерата и е на само девет победи од рушењето на рекордот на Ингемар Стенмарк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top