Американската скијачка Линдзи Вон напорно тренира преку цело лето за да биде на потребното ниво на стартот на новата скијачка сезона. Американката најави дека ќе оди на победа во сите алпски дисциплини.
Со преку 835.000 следбеници на Инстаграм, Вон е позната по тоа дека сака да сподели дел од своите тренинг сесии на социјалните мрежи. Последното видео е веќе дел од нејзиниот профил, а на него Американката е во секси бикини и работи напорно на мускулите на нозете, правејќи вежби во базен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.