| четврток, 6 декември 2018 |

Кои колеги најверојатно ќе се смуваат на новогодишната забава од работа

Во Велика Британија неодамна беше спроведено истражувањето кое откри дека 39 отсто од 2.000 испитаници имале секс со колега за време или по празничната забава од работа. 54 отсто, пак, само се бакнувале.
Според истражувањето ова најмногу зависи од професијата.
Најмали шанси за ваква љубовна акција имаат оние што работат во образованието, односно 45 отсто од нив би го направиле тоа со колега. Иако овој процент изгледа висок, тој е мал во споредба со ИТ секторот, каде дури 76 отсто од испитаниците би се смувале со колега.
Кај правниците таа бројка е 74 отсто, а кај оние што работат со финансии 71.
Тука некаде се движат  процентие за вработените во медиумите, маркетингот, продажбата, логистиката и администрацијата.
Најпопуларни локации се паркинзите, гаражите и тоалетите, а 16 отсто признале дека тоа го направиле во канцеларијата на шефот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top