| четврток, 6 декември 2018 |

Им сипала отров на колегите во кафето бидејќи ја oзборувале

Една работничка во Србија вработена во земјоделско-советодавна стручна слуба во Колари, град во близина на Смедерево е уапсена поради сомневање дека на колегите им сипала отров во кафето, пишуваат белградските медиуми.

Медиумите наведуваат дека уапсената жена немала концретна мета, туку целта и биле сите колеги. Сакала да им се одмазди бидејќи наводно таа била предмет на оговарање во фирмата.

С.Н. (41) им сипала инсектицид во кафето кој во помали количини може да биде смртоносен. Но, дозата која таа ја ставила во кафето не била смртоносна.

Кафето, делумно го испиле тројца – двајца гости и еден вработен кои потоа се лекувале во болница.

Жената се сомничи за кривично дело „убиство во обид“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top