Забавата на работа може да се карактеризира во неколку форми – од добри колеги кои едноставно ја прават атмосферата подобра, до релаксиран петок, или активности како што се слушање музика и куглање.
Според некои истражувања, забавата на работа може да има сериозно влијание на вработените на нивната способност да ја работат својата работа и начинот на кој тие ја чувствуваат работата која ја работат.
1. Креативност
Истражувањата покажуваат дека забавата на работа дава позитивен ефект на нивото на креативност за сите оние кои се опуштаат на работа со некоја активност, а не само за оние кои работат во креативните индустрии. Забавата на работа на редовна основа, предизвикува многу поголемo ниво на креативност кај вработените, а посебно кај оние кои се занимаваат со организирање на забавни активности во канцеларијата.
2. Болест и отсуство
Изненадувачки е тоа што луѓето кои се забавуваат на работа имаат помали шанси да заминат на боледување. Истражување на институтот Bright HR покажа дека 59 отсто од луѓето кои не се забавуваат на работа, минатата година земале 11 или повеќе дена боледување. Покрај тоа, 62 отсто од луѓето без отсуство од работа поради проблеми со здравјето, доживеале релаксирачки моменти на работа во последните три месеци.
3. Стрес
Стресот е еден од главните причинители на болести и според статистиките тој е најголема причина за отсуство од работа во Велика Британија. Истражувањата покажаа дека постои значајна корелација меѓу нивото на стрес и тоа дали вработените имале некаков вид на забава на работното место во последните шест месеци, и како тоа влијаело на нивното психолошко здравје. Кај оние кај кои забавата на работа е природна работа било забележано поголемо ниво на психолошка благосостојба, во однос на оние кои постојано биле под стрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.